Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата.
Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.
Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.
–Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа, велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.
Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.

“Минт Инс“ и болницата “Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток за иднината (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол
- Даскаловски и Малешевиќ едногласни: вечер во Битола вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Утре продолжуваат кошаркарските возбудувања во Битола – „пелистерци“ едногласни: одиме по нова победа против ТФТ
- Свечена академија во Библиотеката по повод патрониот празник, плакета за Александар Стерјевски постхумно (фотогалерија)





