Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска од Битола една од ретките скијачки во спуст од поширокиот балкански регион, по повредата се врати на ски-патеките

По подолга пауза и напорна рехабилитација по повреда на преден вкрстен лигамент, Ева Милевска членка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола се враќа на брзите патеки. Денес, во Вал Гардена – Италија, таа повторно застана на стартот на спуст трките, со што официјално ја отвори својата скијачка сезона 2025/2026.Со професионален пристап, јасна определба кон FIS скијањето и максимална посветеност, Ева ја помина подготовителната фаза со исклучителна упорност.

-Физички и психички  сум подготвена да се борам со најдобрите и да го држам чекорот со светската конкуренција. Поминав тежок период на рехабилитација после повредата на преден вкрстен лигамент. Не беше лесно да се вратам во посакувата форма, но, за среќа одлично ги поминав подготовките за оваа сезона, на која прв пат денес имав настап во мојата дисциплина, спуст. Се надевам дека ќе имам успешна сазона и добро пласмани и секако бодови. Една сум од неколку скијачки во спуст од Балканот, имам силна конкуренција, но нема предавање, одим посилно со тренинзи и поагресивно на спуст-патеките, ни рече по вибер комуникација, Ева Милевска од Италија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »