Press "Enter" to skip to content

“И од Битола се може…“ или, како што би рекле битолчани: “И од Битола се МОЖИ“

“PREDA Plus“ го најавува Launching на Green Tech Pelagonia Startup Programme PREDA Plus официјално се враќа со нова енергија и нова визија. Ако низ годините ја следевте серијата „И од Битола се може(и)“, тогаш знаете дека зад овој наслов стојат вистински приказни: стартапи кои започнаа како мали идеи, а денес се развиени бизниси со локален и регионален импакт.

PREDA е веќе етаблирана организација на стартап сцената во регионот, со програми што креираа успешни основачи, компании што растат и заедница што верува дека иновацијата може да започне токму од Битола.

Во таа насока, се отвора следната фаза: Green Tech Pelagonia Startup Programme – програма посветена на зелени технологии, одржливост, еко-иновативни решенија и паметна трансформација на локалните индустрии. Launching Event 3 декември 2025 (вторник), 16:30 часот Porta Jazz – Битола Спикери и гости на настанот:

-Сања Митровска CEO на Networker · Основачка на The Founder Games · Менторка во Green Tech Pelagonia Сања Митровска е една од најпрепознатливите фигури во регионалниот стартап екосистем. Како основачка на Networker и The Founder Games, таа има менторирано бројни стартап тимови во рана фаза, развиено програми за раст и изградени мрежи што им отвораат врати на претприемачите до знаење, инвеститори и стратешки партнери. Во Green Tech Pelagonia ќе работи како менторка со фокус на стратегија, развој на производ и стартап моделирање.

-Марјан Бакревски Co-founder на Bakrevski Brewery · Alumni на PREDA Startup Programme Bakrevski Brewery е една од најпрепознатливите битолски претприемачки приказни: започна како мал семеен проект инспириран од љубовта кон craft пивото, а денес е бренд кој се издвојува по квалитетни мали серии, иновативни рецепти и автентичен локален карактер. Марјан ќе зборува за патот „од идеја до производ“, за предизвиците и за начинот на кој поддршката од претходните програми на PREDA влијаела на растот на брендот.

-Никола Ковачевски Основач на Orion Tech · Технолошки претприемач · Alumni на PREDA Orion Tech е технолошка компанија која развива дигитални решенија, web платформи, индустриски системи и автоматизација за компании од различни сектори. Никола е пример за стартап основач кој со фокус и упорност покажа дека и од Битола може да се развие технолошка компанија со сериозен пазарен потенцијал. Со поддршка од претходните програми на PREDA, Orion Tech прерасна во стабилен технолошки играч кој соработува со локални и регионални клиенти. Еден од неговите продукти веќе е лансиран на глобален пазар и има склучен договор со компанија од Брегот на Слоновата Коска.

Зошто е важно да бидете на launching настанот? Green Tech Pelagonia е следниот логичен чекор во развојот на претприемачкиот екосистем во регионот. Програмата ќе поддржи идеи и тимови што создаваат:   решенија со еколошки импакт,  технолошки иновации, агротек проекти, паметни системи, нови модели за користење локални ресурси. Ова е програма во која стартапите не се само „интересни идеи“, туку потенцијални двигатели на регионален развој.

Повик до заедницата Стартап тимови, млади иноватори, претприемачи, студенти и професионалци: Ова е момент за ново поглавје. PREDA повторно ја активира стартап сцената, а ова е само првиот од серија силни настани што следуваат во 2025 година. Присуствувајте на launching настанот и добијте директни информации од тимот зад програмата. Организатор PREDA Plus Foundation, со поддршка на Европската банка за обнова и развој.

More from ВестиMore posts in Вести »