Екипата на Еурофарм Пелистер по неделниот дерби натпревар во Битола продолжува со натпревари во Лигата на Шампиони, а утре во Загреб игра против истоимениот тим во рамки на 10. коло. “Пелистерци“ ќе имаат нова шанса за освојување бодови во групата “Б“.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, зборуваше пред натпреварот со Загреб во Лигата на шампионите, кој посакува нов триумф на тешкото гостување во Хрватска.
-Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката во тешкиот период. Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме за Загреб, гледаме видеo-анализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овој пат. Загреб е одлична екипа, во Лигата на шампионите нема лоши тимови. Ќе одиме да извојуваме победа и се надевам дека ќе успееме во нашата намера, изјави Ристевски.
Еурофарм Пелистер гостува кај Загреб во рамките на десеттото коло. Натпреварот се игра на трети декември во 18:45 часот.










