Синоќа со концерт на пијано, кој се одржа на големата сцена на Народниот театар Битола свечено беше затворен фестивалот “Музика од светот“ во организација на центарот за култура Битола, а настапи Гамазда, кралицата на пијано кавери.
Гамазда беше дочекана со искрен и долг аплауз, знак дека публиката знае точно кого има пред себе, а таа со нежна, но моќна енергија, таа ги преточи рок класиците во пијано интерпретации што ја исполнија салата со топлина и возбуда.
Се што Гамазда ќе отсвири го претвора во епски, енергичен клавирски спектакл кој звучи исто толку (ако не и повеќе!) добро колку и оригиналите, па така беше и синоќа.
Хитовите на Metallica, System Of A Down, Roxette и Queen добија нов звук – префинет, современ и препознатливо нејзин. Секоја нота носеше дел од светскиот квалитет што Гамазда го донесе во Битола.






