Press "Enter" to skip to content

Загреб првата победа во ЛШ ја забележа против Еурофарм Пелистер

Загреб – Еурофарм Пелистер 27:23 (14:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва се поразени во Загреб, Хрватска, во Лигата на шампионите од Загреб со резултат 27:23, во натпревар клучен за понатамошниот развој на настаните за “пелистерци“ за поминување на групната фаза.

Стартот на првото полувреме беше во знак на Еурофарм Пелистер и десет минути игра резултатот беше +4 за “пелистерци“ (1:5). Загреб намали на 4:6, а  потоа следуваше и “првото реми“ 7:7, а и првото водство на загрепчани 9:8. Пелистер израмни на 9:9, а на одмор се замина со 14:12.

На почетокот на вториот дел Загреб поведе со четири гола (17:13), а со одбраните на Мештриќ резулатот беше 19:13. Мештриќ продолжи со одбрани, Пелистер со грешки и победникот веќе беше решен. На крај домашниот тим славеше со солидна разлика 27:23.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со седум гола, а по три имаа Манасков и Видомски.

More from СпортMore posts in Спорт »