Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер како гостин во Битола рутински ги освои бодовите против Струга

Струга – Еурофарм Пелистер 22:42 (14:20)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа рутинска победа на Струга, со резултат 22:42, а како домаќин во Битола го одигра струшкиот тим во “Боро Чурлевски“. “Пелистерци“ играа против една од најслабите екипи во лигата, а предводени од привремениот тренер Звонко Шундовски извојуваа убедлива победа.  “Домаќинот“  само на стартот од натпреварот нешто покажаа, а потоа“зелено-белите“ предводени од Кузмановски наметнаа свој ритам и немилосрдно го полнеа противничкиот гол. На полувреме беше со 14:20.И второто полувреме продолжи како и првото “пелистерци“ стигнаа до уште една рутинска победа во домашниот шампионат 22:42.Најефикасен беше Петар Атанасијевиќ со единаесет гола, а Кузмановски застана на шест погодоци, а во тимот на Пелистер ги немаше Хаидарирад, Абутовиќ, Манасков, Радивојевиќ, Хосни и Пешевски.Во следното коло Еурофарм Пелистер, на 10 декември во Битола е пред најголемиот предизвик оваа сезона, гостува лидерот Вардар, кој има максимален број на бодови.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »