Патрониот празник, 8 Декември, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа достоинствено, во свечена атмосфера, со бројни академски настани.
Денес на свечаната седница на Сенатот и Управата, на 5.12.225 г. се обрати ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. Тој истакна дека современиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес стои на темели градени повеќе од еден век и претставува институција што во себе ги обединува „корените“ и „крилјата“: корените како стремеж младите да останат во својот град и држава, а крилјата како можност преку членството во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС да се донесе европско образование дома.
-Вчера имавме прилика да ја видиме моќта на нашите средношколци претставени преку претставата која ја организираа средношколци од гимназијата “Јосип Броз Тито“ и да вопсоставиме соработка со студентите и професорите. Синоќа го слушнавме гласот на нашата иднина, на младите кои јасно ни порачаа дека горди на својата традиција, на својот македонски јазик, но и дека сакаат да гледаат европска иднина, рамо до рамо со своите соврсници од целиот свет. Денес на вториот дел од лествувањето на нашиот небесен водач, учителот на учителите, Св. Климент Охридски кој ги постави корените на нашиот јазик, на нашата писменост, а круната на тие корени беше македонски јазик кодоран пред 80 години, рече Неделковски и додаде:
-Поведени од нашиот патрон ние ги поставивме корените како наша главна мисија, а корените, денеска значат да ги задржиме младите дома, во нашиот град, во својата држава. Но, ние како Универзитет си поставивме и своја визија, а тоа се крилјата, да им дадеме европски крилја на нашите студенти тука и сега, дома, да ум понудиме образование со кое ништо нема да заостануваат од своите колеги во Европа и во светот. УКЛО фуниционира веќе 101 година, а како Универзитет 46 години.
-Вообичаено на ваков говор се поделуваат успесите на УКЛО во изминатата година, имавме многу, ги постигнавме заеднички. После 15 години пауза објавен е конкурс за научно истражувачки проекти, а нашиот универзитет доби седум проекти. Горди сме дека се наоѓаме втора година на листата на влијание, а прва година на ранг листа на универзитети како придружна членка. Горди сме годишниот скок на студенти на прв цуклус по многи години кој го задржавне. Но, горди сме и дека остваруваме нова визија за високото образование, годинава име двојно суденти на специјалистички и посд-дипломски студии. За овие факти се поклонувам на целиот академски кадар и на мојот ректорски тим, рече во своето обраќање Неделковски.
Во знак на поддршка на академскиот успех, доделени се признанија и парични награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2024/2025 г. Теодора Христовска, од Економскиот факултет – Прилеп во име на наградените, испрати порака за одговорноста и вербата во знаењето.
Универзитетот и оваа година ја награди плодната научно-истражувачка продикција со доделување пофалници во повеќе категории: Пофалници за покажани научни резултати, Пофалници за покажани забележителни научни резултати и Пофалница за покажани исклучителни научни резултати.
Признанието Најдобар млад научник е доделено на асис. м-р Горан Велјановски од Техничкиот факултет – Битола.
Повеќе реномирани истражувачи, академски кадри со забележителни резултати: Весна Антоска Книгхтс од ТТФ – Велес, Денис Арсовски од ВМШ, проф. д-р Дијана Блажековиќ Димовска од ФБН и д-р Јордан Ќосевски од УКЛО Мрежата, го делат второто и третото место во категоријата Најплодни научници. Во оваа група, проф. д-р Анка Трајковска Петковска од Технолошко-техничкиот факултет – Велес е прогласена за најплоден научник во академската 2024/25.
Во категоријата Најдобар научник, третото место го заслужи проф. д-р Анка Трајковска Петковска од ТТФ – Велес, второто е доделено на проф. д-р Билјана Трајковска од ФБН.
Професорката Весна Антоска Книгхтс од Технолошко-техничкиот факултет – Велес е прогласена за Најдобар научник во академската 2024/25. Заблагодарувајќи се за наградата таа посочи дека – промоцијата на науката на УКЛО претставува значаен чекор кон создавање академска култура која ги вреднува истражувачките достигнувања и ги мотивира научниците да продолжат со нивната посветеност. Научната дејност не е само основа за личен и професионален развој на научниците, туку и клучен двигател за општествениот напредок.
Чествувањето опфати уште неколку посебени академски моменти. Доделени се две Ректорски повелби за особени заслуги: на проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, за исклучителен придонес во развојот на европската интеграција на УКЛО во рамки на Европската универзитетската алијанса КОЛОРС и на проф. д-р Анка Трајковска Петковска, за историскиот момент – прв пат на Универзитетот да се промовира нобеловец во почесен професор на УКЛО.
Во знак на благодарност за посебната уметничко-образовна соработка со Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола, УКЛО на институцијата и додели пригоден подарок. Оваа соработка својата најсилна потврда ја доби преку завршната манифестација – уметничкиот перформанс „СЛОВО ЉУБВЕ“. Перформансот создаден со младешка енергија и инспирација, го отелотвори духот на празникот и ја пренесе суштината на заедничката мисија: почит кон словото, знаењето и светиклиментовото наследство.
Палетата настани во чест на Патронот вклучи и презентација на најдобрите иновативни идеи продуцирани во проектот NanoBioTech Nexus, дел од Европскиот институт за иновации и технологии. Прогласени се најдобрите идеи развиени во проектот NanoBioTech Nexus, поврзани со иновативни решенија во нанотехнологијата, биотехнологијата и бизнис-секторот што поттикнуваат развој со висок општествен и економски потенцијал.
Достоинственото одбележување на патронатот на УКЛО се одржа во Офицерскиот дом во Битола на 5.12.2025 г. во присуствуво на високи претставници од македонски и гостински универзитети, академски кадри и вработени и други претставници од општествениот живот.
Програмата беше збогатена со музички настапи во изведба на ученици од Државното музичко училиште – Битола, резулат на впечатливата соработка која УКЛО ја остварува со оваа важна институција, за што им е изразена искрена благодарност.
Елизабета Атанасоска Фото:
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска






