Кошаркарите на Пелистер максимално подготвени го дочекуваат дербито против ТФТ, кои ќе се одигра денес, сабота, 19 часот, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола дуел во кој битолчани влегуваат со една единствена цел – победа и враќање на првото место на табелата. Репрезентативната пауза беше добредојдена за малку одмор по пеколното темпо, па „зелено-белите“ сега максимално подготвени ќе влезат во дуелот со ТФТ, ривал со кого имаат четири победи на досегашните четири меча во Битола.
Шефот на стручниот штаб, Боро Даскаловски, обелодени дека се изречени и мерки поради недоволно залагање на дел од играчите на последните средби пред репрезентативната пауза.
-Изминатиот период бееше доста проблематичен поради што бевме приморани да спроведеме одредени мерки во тимот кои се надевам дека ќе вродат со плод во натамошниот дел од сезоната. Екипата мора да даде 100% на секој меч, особено бидејќи имаме празнина на позицијата „пет“ и додека не ја надополниме не смееме да си дозволиме никакво опуштање, од почеток до крај на натпреварите, вели тренерот Даскаловски.
Никола Малешевиќ е свесен дека пред Пелистер нема да биде нималку лесна задача, но верува дека овој тим ќе се прикаже во добро светло и ќе стигне до посакуваниот триумф и вели:










