Вардар ЕМ – Пелистер Волеј 0:3
(23:25; 23:23; 14:25)
Одбојкаркарките на Пелистер Волеј денес во Скопје одиграаа одличен натпревар и ги победија домаќинките со 0:3 по сетови, со одлично одиграни први два сета кои ги добија со идентичен резултат 23:25.
За овој натпревар тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:
-Прв сет на нерви и тактичко надмудрување кој го добивме со 25:23, интересен втор сет во кој се враќавме од -7 (17:10) по што имавме и водство од 19:21 што значеше серија од 11:2 за нас и повторно го добивме тој сет 25:23 Во третиот сет потполно го надигравме противникот и со 25:14 ја однесовме победата и сите 3 бода во наша корист.
За истакнување од овој натпревар е перфектнот сервис на сите во екипата, (само 6 сервис грешки и 12 аса) но оние серии на Марија Димитровска беа од исклучителна важност резултатот, со што Пелистер покажува дека има голем број на играчи кои можат да одговорат еднакво квалитетно на задачата.
Шај Мек Ги повторно најефикасна со 13, Најдановска 9, Стојановска 8, Димитровска 8, Ела Медвед 6, Жевлакова 2.










