Press "Enter" to skip to content

Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими

Арсими  – Пелистер 3:3 (0:2)

Фудбалерите на Арсими и Пелистер од Битола одиграа 3:3 за крај на клупската 2025 година во Првата македонска фудбалска лига, а натпреварот беше во рамките на 16. коло во шампионатот на Македонија. Екипата на Пелистер имаше сигурно водство во два наврати, но не успеа да го победи Арсими на гостински терен. 

Натпреварот во Гостивар донесе прв гол за тимот на Пелистер уште во 15. минута, а водството го донесе Вилдан Керим кој по асистенција на Ивановски погоди за предност. В0 33. минута Марјан Ристовски, кој во 33. минута погоди за 0:2. Пелистер на одмор замина со два гола предност.

На стартот на вториот дел Арсими со голот на Шефит Шефити намали на 1:2. Во продолжението, Пелистер доби пенал, кој во гол го претвори капитенот Ристевски за 1:3.  Следуваа два брзи гола на домашниот тим донесоа израмнување. Страшен беше голот на Асани, кој влезе од клупата и испрати бомба, од 25 метри, во мрежата на противникот, а потоа Бесагиќ донесе 3:3.

На крајот на годинашните натпревари Пелистер има 16 бодови и е пласиран на 9. место, натпреварите продолжуваат во февруари 2026 година.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »