Еурофарм Пелистер – Вардар 28:23 (13:10)
Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, пред преполна сала навивачи, во најважниот меч на домашната сцена оваа сезона, во вечното македонско дерби, го победи Вардар 1961 со резултат 28:23, полувреме. Победникот во дербито беше битен, посебно за “пелистерци“ кои беа под притисок дека мораат да победат, а на голот го имаа Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно и забележа двоцифрен број на одбрани.
Првото полувреме започна во знакот на гостинот од Скопје. Вардар воден од голманот Валах кој правеше чуда меѓу стативите, успеа од 2:2 да се одлепи на 2:4, потоа беше и 3:5, па 4:7. Потоа Еурофарм Пелистер константно се враќаше, следуваа три пенали ги погоди Богдан Радивојевиќ за израмнување на 10:10, додека на спротивната страна Вардар промаши два седмерци.
И второто полувреме продолжи во знак на вечерва неверојатниот Саид Хаидарирад, а дојде до бројката од осум интервенции, а како резултар на сигурноста на голот Пелистер дојде до 17:14. На половина на второто полувреме Еурофарм Пелистер се одлепи на 21:15, а потоа се беше лесно за битолчани.
Вардар со три гола во низа намали на минус од само три гола, но тоа беше недоволно за пресврт на натпреварот, 21:18 во 49 минута. Пелистер зголеми на 22:18 и со таа предност влезе во последните десет минути од средбата. Пелистер рутински дојде до крај на натпреварот и победа и бодови кои значат останување во борбата за титула. 
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со девет гола, 9 од 9, Филип Кузмановски погоди за шест гола. Голманот Хаидаридад запиша 12 интервенции на крајот.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска










