Press "Enter" to skip to content

Ракометно дерби кое се чекаше во Битола со атмосфера која се очекуваше (фотогалерија)

Вечерва во Битола се одигра дербито на есенскиот дел на ракометната сезона, дерби кое се очекуваше, дерби во кое Еурофарм Пелистер имаше само еден избор. Изборот беше победа, а и тоа се случи. Вардар повеќе не е единствен непоразен тим во домашното првенство, во Битола загуби од Пелистер  28:23 од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.За Еурофарм Пелистер овој триумф е враќање на атмосферата, на мотивацијата и најважно од се, приближување до Вардар на табелата на само два бода, а титулата ќе се решава на пролет, двете екипи имаа шанси, а секако битолчани ја сакаат четвртата по ред.А, ракометната атмосфера како и секогаш во Битола, како што е веќе 40 години наназад. На трибините како и секогаш, полни и скалите, голем набој, на трибините, а навивачите го пренесоа тоа и на терен, а Пелистер победи.Натпревар во кој се нахрадуваа убавите потези и голови, се бодреа “пелистерци“ кога не и одеше, а посебна еуфорија имаше кога голманот Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно.А, Комитите како и да не беа во Битола, беа доминантни “Чкембарите“ со навивање, кореографија, а тоа траеше половина час пред натпреварот, за време на натпреварот и половина час по натпреварот.Како изгледаше дел од атмосферата во Битола низ објативот на фоторепортерите Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.Уживајте во “сликите“ и победата над Вардар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »