Press "Enter" to skip to content

PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации

Во Порта Џез во Битола ПРЕДА Плус Фондација го одржа официјалното лансирање на повикот за учество во Green Tech Pelagonia стартап програма посветена на зелени технологии, агротек решенија, модерно земјоделство, еко-туризам и дигитални иновации со еколошки импакт.

Настанот ги обедини претприемачите, младите основачи, иноваторите и alumni на претходните програми на PREDA Plus, кои зборуваа за својот успех, развојниот пат и искуствата стекнати преку стартап поддршката во Пелагонија.Настанот го отвори Лидија Ангелкова, проектна менаџерка на PREDA Plus, која ја постави визијата на програмата:

-Пелагонија има потенцијал да креира иновации што се производ на локалната памет, а решенија за глобалниот пазар. Green Tech Pelagonia е платформа што ги спојува талентот, знаењето и амбицијата токму она што му е потребно на регионот за да направи вистински зелен исчекор, изјави Лидија Ангелкова.Публиката се фокусираше на панел-дискусијата со три истакнати имиња од стартап и технолошката сцена: Никола Ковачевски од Simple Mobile Solutions, Сања Митровскаод Founder Games, и Марјан Бакревски, основач и пивар од Bakrevski Brewery и претприемач со силно присуство во локалната економија.

Сања ја нагласи важноста на глобалниот начин на размислување кај стартапите: „Пазарот не ви е локален – пазарот ви е глобален. Идејата вреди само онолку колку што основачот има дисциплина да ја развие. Таа истакна дека стартапите од регионот имаат талент, но мора да развиваат навики на тестирање, мерење и брза адаптација.Никола Ковачевски технолошки основач со продукт на три континенти и алумни на ПРЕДА Плус од претходните програми зборуваше за инженерскиот предизвик и за тоа како технологијата ја брише географијата: Денес можеш да создадеш продукт во Битола, а да се користи во Африка. Технологијата го отвора пазарот многу пошироко од локалниот контекст. Тој додаде дека најголемиот предизвик не е кодот, туку различните култури и начини на работа со кои се соочуваат глобалните технолошки компании.

Марјан Бакревски кој ја основа Bakrevski Brewery со својот брат и како алумни на ПРЕДА плус беше дел од неколку програми зборуваше за градењето бренд и заедница како основа на секој одржлив производ: „Пелагонскиот вкус не е мит. Тоа е вкус на труд, дисциплина и малку инает. Производот вреди само кога постои заедница околу него.“ Тој истакна дека локалните брендови имаат силна позиција кога се автентични и кога растат заедно со луѓето што ги поддржуваат.Green Tech Pelagonia нуди: менторство од локални и меѓународни експерти, поддршка за развој на прототип, работа со инвеститори и подготовка на пич, практични работилници и регионално вмрежување.

Повикот за аплицирање е официјално отворен Аплицирањето е бесплатно и достапно до 26.12.2025 Формулар за пријавување: https://forms.gle/75vwNw42DtkvnWZB8 Програмата се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка од CIF.

More from ВестиMore posts in Вести »