Охрид – Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11)
Ракометарите Еурофарм Пелистер од Битола се поразени од домаќинот Охрид со резултат 29:25 (13:11) во натпреварот од 17. коло на Суперлигата, во натпревар во кој навивачите кои дојдоа во “Билјанини извори“ не очекуваа пораз, посебно по победата над Вардар пред неколку дена во Битола, во средата.
Спортската салаво Охрид беше претесна да ги собере сите навивачи кои сакаа да ги гледаат своите ракометари, па во одлична атмосфера со поддршка од верните “Рибари“ и “Чкембари“ кои ги имаше во г0лем број.
Натпреварот започна рамноправно погодуваа од двата тима и беше 3:3. “Пелистерци“ го имаа и првото водство 4:5, а Охрид се врати за 6:5. Потоа се играше целосно израмнето, гол за гол се до крајот на полувермето. Манасков погоди за 10:10 следуваа три гола во низа за домашните и на полувреме се заврши со 13:11.
На стартот на вториот дел имаше по еден гол, а потоа Охрид дојде до +4 (16:12), а се продолжи со таа разлика и беше 18:14, и следуваше тајм-аут за Звонко Шундовски. И по с0ветите од тренерот Охрид дојде до 19:14, по неколку минути беше и +6 за Охрид (22:16). Домашните по инцидентот на нивната клупа постигнаа уште два гола за ново, највисоко водство 25:18.
Следуваше нов тајм-аут за Пелистер но и тоа пак не им помогна. Охрид играше, Моралес бранеше, битолчани пак погрешија и домачинот дојде до 27:18. Петар Атанасијевиќ со два гола намали на 27:20, и нови два гола за Охрид, за потврда на победата.
Пелистер до крајот успеа да го ублажи поразот, по добра одбрана и грешки на ракометарите на Охрид за конечни 29:25.
Најдобар стрелец во Пелистер и на натпреварот беше крилото на шампионот Дејан Манасков со осум реализации од исто толку обиди, а Хеидаридад занележа осум одбрани.
Фото: Сашо Ристевски










