Press "Enter" to skip to content

Битола се сеќава – детски хитови од 90-тите

На 17.12 во 20:00 часот, голем концерт на БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР за сите генерации – носталгија за возрасните, радост за најмалите! 

 Драги битолчани, време е да се вратиме во годините кога животот беше поедноставен, кога пеевме искрено, гласно и од срце.

Овој концерт е создаден токму за таа генерација — за луѓето кои пораснаа во 90-тите, но истовремено концертот е и прекрасна можност да ги запознаеме денешните деца со музиката со која пораснавме ние — музика која носи топлина, спомени и ведрина.

Битолскиот дувачки оркестар ги оживува легендарните детски хитови: “Визба стара и гитара“, “Како ли јас да пораснам“, “Софи Софија“, “Боби баш ми е гајле“ и уште многу други хитови.

Специјални гости кои ќе ја збогатат вечерта: детски хор „Ѕвончиња“, тинејџерски хор „Попрoкет“ и младински мандолински оркестар КУД „Стив Наумов“.Донесете ги вашите деца, внуци, пријатели, колеги, соседите од маало…

Концертот е создаден за сите кои сакаат да се потсетат колку беше убаво да се биде дете во 90-тите.

Среда – 17.12.2025

Почеток: 20:00 часот

Центар за култура – Битола

Влезница: 300 ден.

Влезници можете да набавите на билетарницата во Центар за култура Битола (пон–саб од 16:00 до 21:00), а можете и да резервирате во приватна порака на нашите ФБ и Инстаграм профили.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »