Утре, 16 декември, Utopia Academy го отвора својот најинтензивен и најсеопфатен комуникациски тренинг досега THE COMMUNICATION CODE & SPEAK TO LEAD, еднодневна програма наменета за лидери, менаџери и професионалци кои сакаат да комуницираат со јасност, да водат со присуство и да создадат здрава и функционална организациска култура.
Обуката обединува два паралелни концепти во една стратегија: THE COMMUNICATION CODE – комуникациски стилови што градат доверба и резултати и SPEAK TO LEAD – науката зад стиловите на комуникација и лидерското влијание.
Во текот на еден ден, учесниците ќе добијат психолошка длабочина, практични техники и искуствени вежби, дизајнирани да ја променат секојдневната комуникација во тимови и лидерски позиции.
Пет психотерапевти еден заеднички пристап Обуката ја водат пет психотерапевти од центарот „Свесност“, професионалци со силен академски, клинички и организациски бекграунд: Рената Димановска – LEAD WITH STYLE Стратегии за пасивен, пасивно-агресивен, агресивен и асертивен стил, доц. д-р Марина Кузмановска – WHAT LEADERS REALLY SAY Психологија на стиловите зад тишината, зборот и тонот, м-р Љупчо Кимовски – THE HIDDEN DYNAMICS OF TEAMS Како комуникацијата создава или руши култура, Викторија Тодоровска – SAY IT RIGHT Асертивна комуникација и здрави граници во тимови, Катерина Крстевска Ристески – COMMUNICATION MASTERY 360° Практични техники за јасна и стабилна лидерска комуникација.
Што добиваат учесниците?
-Препознавање на четирите комуникациски стилови во реални ситуации
-Разбирање како стресот го менува стилот на комуникација
-Практични вежби водени од психотерапевти
-Алатки за појасна, посмирена и поефикасна комуникација
-Подобра тимска динамика и лидерско влијание






