Во пресрет на новогодишните празници, Gold Felicia Bitola ги поканува најмладите и нивните семејства на традиционален хуманитарен базар за деца, кој ќе се одржи на 21 декември 2025 година (недела), од 13:30 до 16:00 часот.
Базарот се организира заедно со локални бизнис соработници, со желба да се создаде топла празнична атмосфера исполнета со детска смеа, радост и заедништво. Сите собрани средства од настанот ќе бидат донирани на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Битола, со што празничната радост добива и вистинска хумана вредност.
Фокусот на настанот е хуманитарниот базар, наменет пред сè за децата, каде тие ќе можат да уживаат во празнични изненадувања и весела програма. Како дел од забавата, најмладите ќе имаат можност да се приклучат и на детското караоке, како и на други активности кои ќе ја надополнат празничната магија.
Gold Felicia Bitola со овој настан ги отвора вратите за сите кои сакаат да ја почувствуваат празничната топлина, да поминат убаво попладне со своите најблиски и истовремено да бидат дел од една убава хумана приказна.






