Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за семејно насилство, повреден пешак, по претрес приведени две лица за дрога

На 14.12.2024 во 23:30 часот во СВР Битола, 30-годишен битолчанец пријавил дека, поради нарушени семејни односи, во домот бил физички нападнат од неговиот татко и неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 15.12.2025 во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната девојка од Битола, удрило во пешакот на возраст од 57 години. Во несреќата девојката се здобила со тешки телесни повреди,  констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР  Битола.

На 14.12.2025, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 40 години, двајцата од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот на едното лице од Битола, каде бил затекнато другото, а пронајдени се дигитална вага и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, исто така, со судска наредба, извршен е и претрс во домот на второто лице, при што се пронајдени и одземени повеќе дигитални ваги. По документирање на настанот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.