Press "Enter" to skip to content

Фиде мајсторот Јане Богоевски од Битола победник на Новогодишниот шаховски турнир во брзопотезен шах (фотогалерија)

Во “Пионерски Book Bar“ во Битола во организација на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола се одржа Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир, кој се одигра за награден фонд од 20.000 денари.На турнирот беа пријавени 41 шахист од повеќе шаховски клубови од Македонија, за кои организаторот се одлучи да не плаѓаат котизација, а наградниот фонд го обезбеди шаховскиот турнир “Стево Патако“ од Битола.Победник на Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир е Фиде мајсторот Јане Богоевски од Битола со максимален број на 9 поени според швајцарскиот модел.Второ пласиран е Томе Тодоровски од Битола со 8,5 поени, а трето пласиран е Дејан Ѓоргиески од Прилеп со 8,5 поени. Четврто место освои Горан Готовуша во 8 поени, а на петто место е Зоран Јовановски со 7,5 поени.Највозрасен шахист на Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир беше Александар Лајмановски од Битола кој има 86 години, а освои 5 поени.Тројцата првопласирани шахисти домаќините “Пионерски Book Bar“ обезбедија и ваучери.Претседателот на шаховскиот клуб “Стево Патако“, Сашко Павловски, за шаховски турнир вели:-Посебно ме радува и овој турнир, се одржува тука во Пиоенерски дом, посебно повозрасните  членови на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола и ни побуди многу емоции и носталгија. Се вративме во старите простории, каде се запишувавме, учевме и игравме шах. Му се заблагодарувам на Николче Велјановски сопственикот на “Пионерски Book Bar“ за гостопримството и наградите, а секако и на Тони Кировски од Прилеп за помошта во организација на турнирот.

Текст и фото: Сашо Ристевски