Press "Enter" to skip to content

MKSafeNet иноватори – успешен хакатонот организиран од ФИКТ (фото)

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола се одржа вториот дводневен хакатон во рамки на проектот  МКSafeNet / Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и проектните партнери,  кофинансиран од Европската унија – Европската извршна агенција за здравје и дигитализација (HaDEA).На хакатонот, насловен MKSafeNet иноватори, фокусот беше ставен на теми како дигитална безбедност и писменост, борба против дезинформации, здрави дигитални навики, едукација и соработка меѓу ученици, наставници и родители.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, истакнувајќи ја важноста на младинската иновација, дигиталната писменост и заедничката одговорност за побезбедна дигитална средина, рече дека хакатоните се нов вид на соработка меѓу наставниот кадар, студентите и бизнис заедницата, при што нагласи: На овој хакатон, пријавените учесници студенти, се натпреваруваат во изработка на иновативни проекти, идеи како да го направат  побезбеден интернет за користење на сите, а посебно на младите кои најмногу ги користат бенефитите на интернетот, како да се заштитат од неговите лоши страни како булигот, измами и слично.На хакатонот MKSafeNet иноватори учествуваа 20-тина студенти од ФИКТ кои работеа под менторство на нивните професори. Идејните решенија ги оценуваше комисија составена од академски кадар од ФИКТ, ФИНКИ и  Center for Knowledge Management, сите партнери во проектот.    Третата награда ја освои тимот SafeNet XR: Сара Чагоровска, Бобан Кузмановски, Никола Андреевски, Димитар Марковски, за  Едукативната VR Игра за Онлајн Безбедност.Тимот  Guardians of the Web: Илче Наумовски, Филип Томевски го освои второто место за ForceShield – Интегрирана платформа за онлајн безбедност, која вклучува мобилна апликација и browser екстензија што го анализираат секој вебсајт што корисникот го посетува.Првата награда ја доби тимот VibeCode Innovators (Никола Ѓорговски, Бојан Трајковски, Филип Здравески) кои изработија chatbot  наменет за млади кои се интересираат за безбедно пристапување на интернет со интеграција на алатки од ВИ.Првиот хакатон во  рамки на проектот МКSafeNet беше наменет за средношколци, а сега учесници беа студенти од државните и приватните универзитети. Се одржуваше истовремено на ФИКТ на УКЛО, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и на Воената академија во Скопје. Целта на овој проект е да се воспостави Центар за побезбеден интернет во државата, што веќе е направено, и по завршувањето на проектот ќе продолжи да работи. Воедно, намерата е да се подигне свеста за безбедносните ризици кои постојат, првенствено кај младите лица – кај основците, средношколците, но и во предшколска возраст. Ќе се прават и дигитални содржини со кои ќе се подогне свеста за ризиците пошироко во зедницата, појасни деканот на ФИКТ-Битола, проф. д-р Благора Ристевски.Центарот за безбеден интернет MKSafeNet се стреми да создаде побезбедно дигитално опкружување за сите корисници во Македонија, со мисија да се  обезбедат алатки, ресурси и едукација за безбедно користење на интернетот, особено за децата и младите.Вториот дводневен хакатон во рамки на проектот  МКSafeNet / Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и проектните партнери,  кофинансиран од Европската унија – Европската извршна агенција за здравје и дигитализација (HaDEA) се одржа на 13 и 14 декември 2025 г.

More from ВестиMore posts in Вести »