Press "Enter" to skip to content

BODY M го подига стандардот на педикир на ново, повисоко ниво

Во чекор со светските трендови и современите медицинско-естетски практики, BODY M официјално ја воведува најновата специјализирана услуга во грижата за стапала: професионални подолошки протези за корекција на враснати нокти.

По успешно завршена напредна подолошка обука во Грција, тимот на BODY M ја проширува својата експертиза во областа на неинвазивните решенија за ноктна корекција. Станува збор за метода која обезбедува брзо, ефикасно и комфорно олеснување, без хируршка интервенција и без болка – со резултат кој ја подобрува и функционалноста и естетиката на ноктот.

-Оваа услуга е природен чекор напред во нашата мисија да носиме највисоки стандарди во негата на стапала, велат од BODY M и додаваат:

-Горди сме што нашиот тим континуирано инвестира во знаење, а посебно сме благодарни за извонредниот успех на нашата Соња Василевска, која ја заврши обуката како еден од најуспешните учесници.

Што овозможува новата подолошка услуга? 

-корекција на враснат нокт со најсовремена протеза   

-намалување на болка, притисок и воспаление   

-третман на ноктни деформитети   

-подобрување на изглед, структура и функција   

-долготрајно и стабилно олеснување.

Со овој чекор, BODY M уште еднаш го потврдува својот статус на центар кој секогаш оди чекор напред – со новитети, со професионализам и со тим кој постојано расте.