Press "Enter" to skip to content

Адвокатите од Битола го одбележаа Денот на битолската адвокатура (фотогалерија)

На 16 декември во 1976 година адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација (ОАО), која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата.По тој повод во ресторанот “Аурум Партизанска“ во Битола одржаа свечена седница на Адвокатската заедница на Битола, на која присуствуваа околу 50-тина адвокати од Битола и делегација на збратимената адвокатска комора од Крагуевац, Србија – Ѕвонко Марковиќ, Борис Рибаровски и Стефан Симиќ, како и пензионирани адвокати од Битола.-На оваа свечена седница, ние сегашните адвокати од Битола, преку Адвокатската заедница на Битола се потсетуваме на претходниците, ги поздравуваме оние кои бележат јубилеи во работењето, но и тие кои пристапуваат кон адвокатурата, рече претседалот на адвокатската заедница на Битола, Иван Рутевски, кој ги поздрави новите членови, а им го честита јубилејот на адвокатите кои оваа година прославуваат јубилејни години од работењето како адвокати.На состанокот посебно беа поздравени адвокатите Љупчо Кожаровски и Снежана Трајковска кои прославуваат 30 години адвокатска дејност, Елизабета Милованова – 25 години адвокаура,  Оливер Илиевски и Никола Дабиќ кои одбележаа 20 години адвокатура.Рутевски во име на адвокатската комора на Битола им го честита пезионирањето на адвокатите Марге Сотировска, Сузана Зацевска, Зоран Ристевски и Цане Илиевски.На присутните им се заблагодарија за честа која им е укажана Сотировска и Ристевски.Нови адвокати во Битола оваа година се Ивона Тасевска, Димитра Јовановска, Љубиша Милошевски, Владимир Чавдаровски и Николче Шарковски.

На свечениот состанок беа присутни и колегите, адвокати од Крагуевац, Србија, со кои се збратимени од 2005 година.По свечениот состанок следуваше и традиционалната адвокатска забава.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »