-Со многу емоции, топлина и достоинствена атмосфера во Офицерски дом во Битола се одржа промоцијата на книгата „Нешадизми“, а тоа беше вечер што уште долго ќе се памети, вечер посветена и на хуманизмот.
Во Офицерскиот дом – Битола, љубителите на книгата, мислата и човечноста беа дел од еден искрен, инспиративен и длабоко емотивен културен настан. На самиот почеток од програмскиот дел, вечерта беше отворена со видео-обраќања од пријатели на авторот – Самир Мемедов, Елизабета Ристевска Дамева и Никола Јованоски, кои со своите лични пораки ѝ дадоа посебна тежина и автентичност на програмата.
Со воведен збор, на присутните им се обрати м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, по што следуваше претставувањето на книгата од м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски, која зборуваше за суштината, стилот и длабоката човечка порака на „Нешадизмите“.
Во живиот дел од програмата, свои мисли, спомени и нешадизми споделија:Билјана Ванчевска, Дејан Петровски, Сузана Димовска и Драган Јанковски чии обраќања ја направија вечерта уште поискрена и подлабока.
Настанот заврши со силна хуманитарна порака и конкретен резултат – од продажбата на книгата „Нешадизми“ беа собрани 20.000 денари, средства кои ќе бидат предадени како донација за ООУ „Даме Груев“ – Битола, потврдувајќи дека културата не е само збор, туку и дело.
На настанот, во музичкиот дел даде настапија проф. д-р Татјана Божиновска и проф. д-р Билјана Димовска од ДМУ – Битола, создавајќи атмосфера во која зборот и музиката совршено се надополнија.










