Press "Enter" to skip to content

Последниот меч на Пелистер во 2025 година, в сабота, во Битола со хуманитарен карактер

Пелистер ќе ја заокружи оваа 2025 година со домашниот меч против Кожув, натпревар закажан за сабота со почеток во 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Победата ќе биде приоритет на овој дуел, а КК Пелистер како општествено одговорен клуб повторно ја потврдува својата големина и надвор од кошаркарскиот терен.
а продолжуваме традицијата последните натпревари да бидат од хуманитарен карактер, тоа ќе биде случај и за дуелот со Кожув, од кој сите приходи од продадените влезници ќе бидат распределени за битолскиот „Црвен Крст“ како и за Домот за Деца без родители. Децата заслужуваат радост и што повеќе среќни моменти во овој празничен период, мило ни е што ќе дадеме свој придонес за да се помогне на оваа најранлива категорија. Воедно, како клуб ги повикуваме сите оние кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција, соопштоја од КК Пелистер.
More from СпортMore posts in Спорт »