Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35:34
Во првенствен натпревар кој се одигра во Битола младинците на Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар против гостинскиот тим од Кавадарци ја забележаа петтата победа.
Најдобри стрелци на натпреварот беа: Тео Спировски и Стефан Василевски со по 10 постигнати погодоци, додека Андреј Георгиев со 7, Томислав Кебаковски и Јован Симоновски по 3 и Владимир Марковски 2 пати ја затресија противничката мрежа.
За тимот на Еурофарм Пелистер уште настапија: Јован Мацанковски и Василиј Пајковски (голмани), Константин Бундалевски, Лука Кочанов, Давид Здравковски, Александар Дуковски, Иван Митровски, Бојан Бојчевски, Огнен Никодиноски и Горазд Мијалчев.
Тренери на младинците на Еурофарм Пелистер се Фарук Мемиќ и Стевче Стефановски.
.Фото: Дамијана Ристевска










