Во спортската сала на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар со наслов „Танц против насилство“. Беше кажано дека денешниот настан е повеќе од танцова манифестација. Тој е глас на младите, повик за почит, солидарност и ненасилна комуникација.
Преку уметноста и движењето, учениците испраќаат јасна порака –насилството не е избор, туку проблем што заедно можеме да го спречиме.
Овој настан се реализира со цел да се подигање на свеста за врсничкото и дигиталното насилство, поттикнување на позитивни вредности и промовирање на креативниот потенцијал на младите. Во денешниот настан учествуваа седум основни училишта од Битола, со вкупно 49 ученици, кои преку танц ја пренесоа својата порака за свет без насилство.
Настанот се реализира со поддршка на Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.
На настанот се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој континуирано ги поддржува иницијативите насочени кон младите, образованието и безбедната заедница.
-Иницијативата е одлична. Ни ја даде „Сумнал“, прекрасна идеја на еден ваков начин да се бориме против насилството, булингот, дигитаното насилство, кое што не загрижува сите. Ме радува тоа што оваа иницијатива ја поддржаа училиштата. Ова не треба да го разбереме како еден музички, спортски и танцов натпревар, туку да ја испратиме пораката и во Битола и во останатите училишта низ Македонија дека сме силно против насилството, особено против меѓуврсничкото насилство, меѓу најмладите, оние кои што треба да бидат најзаштитени, рече во своето обраќање градоначалникот Коњановски.
Присутните гости и учесниците ги поздрави Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, организатор и иницијатор на овој настан, која со години посветено работи со деца и млади на промоција на еднаквост, почит и ненасилство.
-Денеска не сме собрани само да гледаме танц, собрани сме да ја слушнеме пораката, порака што не се кажува со зборови, туку со движење, со емоција, со храброст. „Танц против насилство“ не е само име на настан, тоа е став, тоа е избор, тоа е гласот на младите кои јасно порачуваат дека сакаат свет во кој има почит, прифаќање и разбирање, рече Аземовска.
Во натпреварувачкиот дел учениците од основните училишта преку кореографија, емоција и тимска работа покажаа дека танцот може да биде силна порака против, насилството. Учество зедоа ученици од основните училишта „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридскид “ и „Гоце Делчев“.
Жири комисијата одлучи: Гран При за ООУ „Гоце Делчев, наградата за најсилна порака против насилството за учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“, а за најкреативна кореографија за ООУ „Кирил и Методиј“.

За повеќе свест против врсничкото насилство со “Танц против насилство“ во Битола(фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- На плоштадот “Магнолија“ во Битола започна Зимската приказна со улична магија (фотогалерија)
- Притвор за 56-годишник од Битола за семејно и сексуално насилство, ја тепал партнерката со столица, влечел кон тераса за да ја фрли, па ја силувал
- Митревски: Бидете хумани и да победиме, дојдете во сала во Битола за заедно да се радуваме на крајот на 2025
- “Tsar Von Time“ – краткотрајна вечност
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 8 степени





