Press "Enter" to skip to content

“Супер хикс“ вечерва кај Офицерски на 1. ден на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)

-Вечерва на платото пред Офицерски дом во Битола покрај “Супех хикс“ настапи и “Симеон Тасев & Е-моушн бенд“, групата “Гром“,  а се одржа и германски божикен панаѓур (Weihnachtsmarkt).

Денешниот ден, кој е и 1. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2026 година донесе програма на повеќе локации низ Битола, а настапија повеќе изведувачи и групи, а се одржаа и други настани.“Зимска приказна“ на  граѓаните на Битола и за гостите од околните градови им го понуди како главен настан концертот на “Супер хикс“ на платото пред Офицерски дом во Битола, кој на присутните на ладното време го загреа со музичко уживање.  Битолчани по студено и магливо време се забавуваа и со “Симеон Тасев & Е-моушн бенд“, а на крај настапи групата “Гром“ од Битола.Музичко уживање беше наполнето со прекрасната бајка од зимски куќарки, каде посетителите уживаа во добра храна, греено вино, ракија, избор на различни сувенири, традиционални производи, ракотворби или други производи…Тоа што се случуваше на платото кај Офицерски дом го емитуваше “Мими со југото“, а самото негово појавување предизвика голем интерес.Зимска техно игранка се одржа во Безистенот , а со тоа уште еднаш во Битола се поврза современата електронска уметност со културното наследство преку спој на звук, светлина и простор. Безистенот, како симбол на градското јадро, вечерва беше жив медиум во кoj ритамот и енергијата на алтернативната култура се испреплетуваат со историската текстура на местото, создавајќи уникатно аудио-визуелно искуство. Изведувачи беа HERZEL / BODAN JAMAKOSKI.Утре, продолжува зимската приказна со главниот настан “Новогодишен концерт“ на кој ќе настапат Полина Тасева, Влатко Груевски, Давид Миладинов, Андреј Наунов на пијано. Потоа ќе следува концертот на“ Acoustic rock jukebox Sarah Mace & The Girlzz“. За крај на програмата кај Офицерски ќе настапи Никола Зац и “Дуо Латино“.На плоштадот “Магнолија“ со почеток во 12 часот ќе настапи “Етно Илинден“, “Центриф Куд“, “Илинден“, членови на Француска алијанса Битола, како и АФ “Плетенка“ и АФ “Гоце Делчев“. 

“Куќа имам на Пелистер“ ќе биде кај инфо центар на “Пелистер“, ќе се одржи и промоција на албумот на  Сашо Поповски. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »