-Новогодишните и Божикните празници се денови на дрување, на хуманост… а тоа се случи и во 2015 година кога во Државното музичко училиште во Битола, битолските лајонси ги предадоа на користење на училиштето деветте виолини кои се купени со средства собрани од хуманитарниот Црно-бел бал, што традиционално се одржа во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Донацијата оправдано е за едно од најстарите музички училишта во Република Македонија, основано во 1945 година. Особено ни е мило што токму од Државното музичко училиште се произлезени најголемите музички таленти и популарни музички ѕвезди во Македонија кои ја афирмирале државата надвор од нејзините граници, рекоа тогаш од Лајонс клубот од Битола.
Донираните виолини беа со различна големина и тоа: двочетвртински, трочетвртински и
четворочетвртински.
-Ние од Музичкото училиште на донаторите од Лајонс клубот од Битола ќе им возвратиме на најубавиот начин, преку музиката. Музичките инструменти стареат, неопходна е постојана обнова и токму затоа се за поздравување ваквите убави гестови од нашите сограѓани, река тогап, во декември 2015 година од Државното музичко училиште.

Деновиве пред 10 години: девет виолини од битолските лајонси за Музичкото училиште во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





