Општествено одговорната компанија за природна вода “Пелагонка“ и Ариф Мерсими на НУ Центар за култура – Битола им донараа професионален “Hollyland“ систем за комуникација, наменет за подобрување на координацијата и ефикасноста на техничките екипи.
-Оваа вредна донација претставува значајна поддршка за унапредување на техничките услови при реализација на културни настани, овозможувајќи побрза, појасна и побезбедна комуникација помеѓу тимовите што стојат зад сцената. Благодарение на ваквата поддршка, се подобрува квалитетот на продукцијата и се создаваат подобри услови за успешна реализација на програмските активности на институцијата, соопштија од НУ Центар за култура – Битола.






