Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување агресивно однесување кон полицајци и пронајдена рачна бобма од Прва светска војна

На 22.12.2025 во 14:00 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 68 годишно лице од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.12.2025 во 09:10 часот во СВР Битола e пријавено дека  во с. Цапари, битолско, е пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба со француско производство која потекнувала од Првата светска војна.

 

More from ВестиMore posts in Вести »