Press "Enter" to skip to content

Свлечиште на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци

Почитувани жители на Општина Новаци и корисници на регионалниот пат R1311, Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта (00:20 часот) значително се влоши состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина на свлечиштето поради појава на сериозни деформации на коловозот.

Благодарение на координативните активности на сите вклучени страни со екипи, камиони и тешка механизација на РЕК Битола и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кои се ангажирани за рамнење и тампонирање, веќе е при крај изградбата на земјена девијација во должина од 400–500 метри за движење, при што сообраќајот не е веќе во прекин и истиот се одвива отежнато. На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација.

На сите учесници во сообраќајот им се препорачува крајна внимателност, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација, прилагодување на брзината според условите на патот.

Свлечиштето беше пријавено на 27.11.2025 година а на денешната ситуација им претходеа неколку координациски состаноци на кои детално се разгледа состојбата и беа утврдени итни чекори за интервенција со приоритет на безбедноста на граѓаните.

Со цел навремена и безбедна интервенција и заштита на граѓаните Општина Новаци и градоначалникот Стевче Стевановски се во постојана координација со стручни служби и експерти, а во активностите се вклучени претставници од: РЕК Битола,ЈПДП, ЈП Македоноја пат, Регионален центар за управување со кризи (РЦУК), Надзор на патишта, Дирекција за заштита и спасување ДЗС ЈП Комунален Битола, ЈКП Комунална хигиена Новаци, Државен инспекторат за патишта, Инспекциски надзор за патишта.

Јавноста ќе биде редовно и навремено информирана за сите понатамошни активности и промени на состојбата на терен.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци

More from ВестиMore posts in Вести »