Press "Enter" to skip to content

Порибување на акумулацијата “Стрежево“ со рибен подмладок – крап (фото)

ЈП “Стрежево“ од Битола успешно реализираше порибување на акумулацијата “Стрежево“, на локацијата брана “Стрежево“, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок – крап.-Активноста е спроведена согласно важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“, рече директорката на ЈП “Стрежево“, Вера Бешлијовска.Рибата претставува најдиректен индикатор за квалитетот на водата, а со ваквите активности се придонесува кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата, ЈП „Стрежево“ и понатаму останува посветено на заштитата на животната средина и одговорното управување со природните ресурси, а денешната активност е само уште една потврда за тоа.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »