В сабота во организација на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ќе се организира ревијален натпревар на ветераните по повод 70 роденден на клубот. 
Битолскиот клуб потврди само дел од имињата кои ќе продефилираат во салата „Боро Чурлевски“ в сабота. Тука се легендарни ракометари од славните времиња на пелистерци како: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан Николиќ. Златко Димитровски, Пепи Манасков, Касим Каменица, Цане Крстевски, Александар Зарков, Кире Поповски, Игор Николовски и многу, многу други.
Ревијалниот натпревар ќе биде проследен и со свечена академија, музичка програма и убав крај на 2025 година за битолската ракометна јавност.






