-Вечерва на главната сцена на платото кај Офицерски во Битола настапи Дани Димитровска и “Soul movers band“ и “Еликсир бенд“, а поради дождот “Трето колено“, “Пијан славеј“, “Пеперминт ди-џеј “Б-бој“ имаа настап во Безистенот, во рамки на 5. ден од Зимската приказна.
-Со нетрпение го чекав мојот настап пред битолчани и се подготвував за настапот пред вас. Битола е преубава и ви порачувам чувајте ја, им порача Дани на битолчани кои го следеа нивниот настап, а публика имаше од целиот регион, од Грција, од Гевгелија, а имаше и нашинци од Австралија.
Голем број публика уживаа во програмата на главната сцена, по убави песни, а кога започна да врне дождот се “скрија“ кај куќарките уживаа во топло вино и храна и слушаа музика.
Вечерта беше исполнета со музика која на битолчани им ја донесоа “Soul movers band“, а на стартот на вечерниот термир ќе ги гледаме “Еликсир бенд“.
Поради дожот кој заврна вечерва во Битола настаните кои беа закажани да се одржат во Пациото на Завод и Музеј Битола се “преселија“ во Безистенот, на покриено, а со тоа Битола добива уште една сцена, а поради ентериерот, посебно интересна.
Во Безитенот настапија групата “Трето колено“, а потоа битолчани ги гледаат “Пијан славеј“, како и група “Пеперминт“, а свој сет има ди-џеј “Б-бој“.
За утре на главната сцена на платото кај Офоцерски закажан е настапот на Верица Ристевска, “Нала бенд“, Огнен Здравковски. Посебно, на радост на битилчани ќе настапат и две битолски грипи “Паркети“и “Код 369“ (“Памперс“).
На останатите локации каде се одржува Зимската приказна, во “Порта џез“ ќе се ортвори изложба на фотографии “Магични моменти од Битола“.
Во Пациото на Завод и Музеј Битола ќе настапат “Група 5 без 5“ од Битола, “Корка“ од Кочани, група “Вел“ од Битола и “Занаду бенд од Скопје.
Текст и фото: Дамијана Ристевска






