-Вечерва покрај битолските групи “Паркети“и “Код 369“ (“Памперс“) на главната сцена на платото кај Офицерски дом во Битола настапија и Верица Ристевска, “Нала бенд“ и Огнен Здравковски.
6. по ред вечер на Зимската приказна во Битола која ја организира Општина Битола донесе радост кај тинејџерите кои ги имаше во најголем број, и кои уживаа и заедно со нивните рок миленици ги пееја познатите хитови на двете познати битолски групи “Паркети“ и “Код 369“ (“Памперси“).
Познатите гласови на Сашо од “Паркети“ и Ирена од “Памперси“ ги понесоа присутните на платото кај Офицерски и тие да запеат, а секако и да заиграат н песните како “Строубери“, “Сакам да те галам“…
Битолчани запеаја заедно со Сашо Парлет во живо која тој беше и пееше низ публиката, а остана и верен на својот имиџ и стил да направи нешто неочекувано, а овој пат пееше качен на столбот за осветлување, што предизвика овации кај младите.
Покрај нив настапија и Верица Ристевска, “Нала бенд“, Огнен Здравковски на радост на нивната музичка публика од Битола и регионот.
Утре 7. вечер на Зимската приказна на главната сцена кај Офицерски ќе започне со новогодишна караоке соба “MIILO“ и предновогодишен стенд-ап со Александар Г.
Битолчани ќе уживаат и со хитовите кои ќе ги испеат за нив и за сите гости на Влатко Лозаноски и Бојана Скендеровски и на групата “Sound Waves“.
Од утре на пладне ќе има случувања и во Старата битолсла чаршија, ќе настапат групите “За мерак“, “Преродба“, “Хераклеја бенд“ и оркестар “Маестрал“.
Во “Bliss Mall“ од 17 часот ќе има зимски младински разговори против булинг, “Евергрин идила“ на Сара Петровска, “Oneness Duo“ ќе пеат поп & рок хитови.
Во центар за кулура ќе се одржи новогодишен концерт на Павле Камилоски, а од 21 до 23 часот “Празничен автобус – T-Zone“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска






