Пред Офицерскиот дом во Битола се одржа спортско-едукативниот и празничен настан „Празнична штафета за тимски дух“, кој донесе насмевки, позитивна енергија и вистински пример за тимска работа меѓу учениците, во организација на “Сумнал“ од Битола.
На „Празнична штафета за тимски дух“ учествуваа ученици од основните училиште “Даме Груев“ – Битола, “Д-р Трифун Пановски“, “Кирил и Методиј“, “Гоце Делчев“, “Тодор Ангелевски“, “Св. Климент Охридски“ и “Стив Наумов“ од Битола, претставувани од менторите и наставниците кои со голема посветеност, поддршка и ентузијазам ги мотивираа учениците и овозможија овој настан да биде вистинска празнична приказна.
Активностите беа реализирани од Михајло Сиљанов и Васко Димитровски, истакнати спортисти кои со својата енергија, искуство и позитивен пример придонесоа за безбедна, динамична и инспиративна атмосфера.
Прво место освои ООУ „Стив Наумов“, второ место – ООУ „Даме Груев“ и трето место – ООУ „Св. Климент Охридски“ од Битола.
-Заедно создадовме спомени, насмевки и празничен дух кој долго ќе се памети. Благодарност до сите што беа дел од оваа убава приказна!, порачаа од Сумнал.

“Празнична штафета за тимски дух“ на “Сумнал“ настан исполнет со радост, движење и радости
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчани и вечерва ја испочитуваа традицијата во чест на 40 маченици, се искачија на Кркардаш, на Баирот, над Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: пронајдена дрога – лишени од слобода три лица
- In memoriam: Драги Гроздановски
- Даскаловски: можаме да играме уште поквалитетно почнувајќи од утрешното дерби со ТФТ
- Филмските дела инспирација за македонските дизајнери и учениците за креациите дел од Креативен ден во Битола





