Во рамките на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“, “Сумнал“ од Битола реализираше активност со учениците и професорите од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
-Заедно со децата од нашата заедница спроведовме активност посветена на промоција на алтернативен и еколошки транспорт – пешачење и возење велосипед, како секојдневни избори што го намалуваат загадувањето, го унапредуваат физичкото и менталното здравје и ја поттикнуваат грижата за животната средина. Во таа насока, сите заедно се упативме во Градскиот парк, испраќајќи порака дека движењето, свежиот воздух и активниот начин на живот се важни за здрава и одржлива заедница, рече Фатма Бајрамовска од “Сумнал“.

„Ведро небо – здрави умови“ на “Сумнал“ за намалување на загадување и унапредување на грижата за животната средина
More from ВестиMore posts in Вести »
- ‘Гимназиска зимска приказна 4“ на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- “Фонтана“ и Ламбе на предновогодишната 11. вечер на Зимската приказна во Битола, утре на дочек со “Нокаут“ (фотогалерија)
- Дедо Мраз донесе предновогодишна магија во “Kafeterija by Marieli“ (фотогалерија)
- АЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
- Ретроспективна изложба на слики и скици за сценографија на Методија Ивановски од Битола во галерија “Ранко Струмениковски“ (фотогалерија)





