Press "Enter" to skip to content

Дедо Мраз донесе предновогодишна магија во “Kafeterija by Marieli“ (фотогалерија)

“Kafeterija by Marieli“ во Битола за нашите најмали сограѓани приреди магична новогодишна вечер исполнета со празнична атмосфера, музика, креативност и секако, слатки моменти. 

Во рамки на новогодишниот хепенинг се одржа завршна изведба на музичко-драмски перформанс “Чудото на полноќ“, своја музичка изведба имаше ученички бенд, се отвори  изложба и се одржа продажба на новогодишни ракотворби на ученици од ООУ “Гоце Делчев“ – Битола, а за учесните и публиката имаше топли празнични напитоци и колачи од “Kafeterija by Marieli“.Во празнична дружба за најмалите беше организирано боење и цртање новогодишни цртежи и дружење со Дедо Мраз. 

Ова беше еден нов начин за да им доближиме новогодишната магија на нашите најмали сограѓани. Имавме одлична дружба со најмалите, кои се потрудија, нам, на публиката и на нивните гости да ни покажат колку се вредни и паметни преку драмските изведби, цртање, преку песна… а во тоа и успеаја. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви дружби и во однина во разни прилики, ни рекоа од “Kafeterija by Marieli“.“Kafeterija by Marieli“ и досега по разни поводи организира дружење и со деца од ранливи категории и деца со попречености.

More from ВестиMore posts in Вести »