Традиционално и годинава новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола. Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски. Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Општина Битола со новогодишни пакетчиња и Дедо Мраз направи предновогодишна атмосфера и за децата сместени во петте оддели при Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца Битола. Таму беше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој им ги честиташе новогодишните празници и на децата и на вработените.
Инаку годинава Општина Битола подели 400 новогодишни пакетчиња преку здруженија на граѓани и институции.






