Press "Enter" to skip to content

“Фонтана“ и Ламбе на предновогодишната 11. вечер на Зимската приказна во Битола, утре на дочек со “Нокаут“ (фотогалерија)

-На предновогодишната вечер на платото кај Офицерски настапија група “Фонтана“, а настапија и Ламбе Алабаковски и група “Б52 бенд“.

-Утре на новогодишната ноќ ќе има настап на Борче Наумовски, “Кабаре за раѓањето и вечноста“,  „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ групата “Нокаут“.

-Општина Битола одлучи да нема огномет на прославата на дочекот на Новата година.Ладното време не ги спречи битолчани да бидат дел од 11. вечер на Зимската приказна, се загреја со песните на група “Фонтана“, Ламбе Алабаковски и група “Б52 бенд“, кои ужива во музика дополнета со греано вино и храна од куќарките.Денес имаше концерти и во Старата чаршија, на пешачката улица, а за пладневна забава на битолчани се погрижија групите “Бон Тон“, “Спектра“, “Молика и “Артриум бенд“. Танцов перформанс на “Expose Studio“ имаше во “Bliss Mall“, а таму беше и DJ Милојевиќ. Во редовната линија на празничен автобус музика “пушташе“ DJ Боца. Утре на главната сцена кај Офицерски дом на стартот на новогодишната програма во 11 часот ќе има детски претстави и песни од “Тра-ла-ла“.Вечерната новогодишна програма кај Офицерски ќе започне во 20:30 часот. На почеток
ќе има забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, ќе следува настап на “Баркод бенд“ и од 23 до 1 часот по полноќ со групата „Нокаут“, битолчани ќе ја пречекаат Новата 2026 година.
На битолчани точно на полноќ ќе им се обрати и ќе им ја честита Новата 2026 година, градоначаникот на Битола – Тони Коњановски.Утре, среда, 31 декември, на последниот ден од годината дневната програма ќе започне во 12 часот во Старата чаршија. На пешачката улица ќе настапат “Уникат бенд“, Татјана Б. Стефановска и за крај групата “Нектар“.Општина Битола одлучи да нема огномет на прославата на дочекот на Новата година. Со ова Општина Битола се приклучува кон другите општини кои исто така одлучиле на прославите за дочекот на новата година да нема огномети и заради барањата на поедини здруженија на граѓани.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »