Press "Enter" to skip to content

Голем Божиќен концерт со кој ќе се празнува раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“

Општина Битола заедно со Центарот за култура и Културниот и информативен центар, Ве покануваат на концертот на народни и црковни божиќни напеви “Свет, Свет, Свет“ кој ќе се одржи на 8 јануари со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура-Битола.

На концертот ќе настапат Благојче Трајковски – кларинет, Никола Трајановски – виолина, Филип Михјлоски – канон, Гоце Ристески – лаутa, Петар Христов – уд, Коста Стевановски – контрабас иПеце Трајковски – перкусии.

Вокални изведувачи ќе бидат Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов.

Ве очекуваме на големиот концерт за големиот Божик, влезот е слободен, се вели во соопштението на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »