На 03.01.2026 во 20:40 часот во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана. При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 04.01.2026 во 00:55 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Т. (37) од Демир Хисар. При сообраќајна контрола на ул.„Никола Тесла“ во Битола е сопрено патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






