Press "Enter" to skip to content

“Body M“ – мал тим составен од личности со големи срца

Празниците доаѓаат…и поминуваат.
Светлата прво блескаат, па се гасат.
Музиката ќе биде гласна, па станува потивка.
Затоа и овие празнични постови, ги чувавме кога ќе намали таа напумпана еуфорија.
Токму во такви моменти останува она што е најважно.
Останува тимот.
Останува довербата.
 
Останува чувството дека не сме само место каде се доаѓа на третман, туку простор каде се гради грижа … за телото, за убавината, за човекот.
 
Во “BODY M“ секоја година ја затвораме со благодарност. Не за големите нешта, туку за малите, човечки моменти: за насмевките меѓу два третмани, за поддршката меѓу нас како женски тим, за козметички центар кој е омилен и кај женската и кај машката популација, подеднакво…во кој доаѓаат и Вашите деца, а и вашите родители од третото доба, за професионалноста што не ја рекламираме, но добрите познавачи ја препознаваат.
 
Новата година не ја дочекавме со ветувања. Ни кон нас, ни кон Вас. Затоа што ветувањата за дом на убавината и грижата кон неа ја негуваме 365 денови со истата посветеност. Со истата љубов кон занаетот.  И со уште поголема грижа за оние што ни ја даваат својата доверба.
 
Ова е “Body M“. Мал тим составен од личности со големи срца.
 
За празниците. По празниците. И секој ден потоа. Со благодарност кон Вас за сите моменти зад нас и со тивка радост за оние што допрва доаѓаат. Вашиот “Body М“.