По завршните подготовки и по неколку одиграни контролни натпревари селекторот на македонската ракометна репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на ракометарите на кои им ја даде довербата за Европското првенство во Хернинг, Данска.
Лазаров пред летот кон Швајцарија, каде преку силни контролни мечеви ќе се бруси формата за големата сцена. ги објави имињата на деветнаесет ракометри, а меѓу нив се и шестмината ракометари на Еурофарм Пелистер.
На списокот на селекторот се најдоа: Филип Кузмановски (капитен), Никола Митревски, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ.
Претходно Дејан Манасков го одби предлогот на Лазаров да биде дел од македонската репрезентација.











