Врз основа на Одлуката на Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Општинскиот Сојуз дека ќе се одржи традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола во 2024 година.
Клубовите, членки на Сојузот на спортови да достават на предлози за избор на 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, најдобри млади спортисти до 18 години, 3 најуспешни екипи во сениорска конкуренција, екипи во младинска конкуренција и најуспешен спортист од ССРИ-Битола за 2025 год.
Предлозите (со потребните прилози дипломи, билтени и сл.) ДА СЕ ДОСТАВУВААТ најдоцна до 25 јануари 2025 година на портирница – зграда на поранешен Извршен совет, Булевар 1-Мај бр. 200.
Изборот се врши врз основа на предлозите на членките на Општинскиот Сојуз на спортови, а рангирањето се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Општинскиот Сојуз на спортови.
Напомена: САМО ПРЕДЛОГОТ (без прилози) да се достави и по електронски пат на маил: bitolasport@gmail.com најдоцна до 25.01.2025 година.
За местото и датата на свеченото прогласување клубовите дополнително ќе бидат известени.






