
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за тоа што е Distirzija на коленото, за што вели:
Претстои сезона на сикјање и период на повреди кои се чести при зимски спортови или падово во услови на снег замрзнати површини. И можеби единствената негативност на сите спортови особено на зимските спортови се повредите. Повредите на коленото настануваат со прекумерни трауматски движења.
Коленото претставува еден многу важен дел од телото кој игра многу важна улога во секојдневниот живот, а особено е важен за секој што се занимава со спорт. Анатомски, коленото е не многу сложна структура но со сложна функција и најразлични функционални оптоварувања. Во зглобна сртуктура влегуваат 3 коски, 12 лигаменти-вкрстените и колатералните ја носат главната стабилизација останатите ја имаат фината дополнителна стабилнос но се исто така важни. Со оглед сложноста на менискусите кои имаат клучна биомеханичка и заштитна улога во коленото, се две полумесчасти р’скавични структури помеѓу Фемурот- надколената коска и Тибија- подколента коска.
Со помош на мускули и лигаменти и поединечните коски, коленото е во состојба да врши најразлични функции при стоење, трчање, одење, скокање, при што успева да ги амортизира сите удари и оптоварувања.
Дистрозија (шинување) на коленото, како дел од подножјето е преодна точка помеѓу долниот дел на ногата и бутната коска и секојдневно може да издржи значително оптоварување, што понекогаш знае, во зависност од ситуацијата, да биде и премногу големо, при што се случува дисторзија на колено.
Дисторзиите најчесто се јавуваат кога ногата ротира навнатре, односно со инверзија на нозете за време на лошо застанување , кога обувката одеднаш се лизга на површината, за време на забавувањето кога подолги чекори се користат за намалување на брзината на движење итн. Дисторзиите на коленото се чести во спортот или во активностите каде што често се случува појава на странични движења и промени на брзината или насоката на движење, скокови и спортови со интензивно скокање на пр., во кошарка, фудбал, ракомет, хокеј итн. Исто така, се случуваат и со општата популација, на пр., со деца, како и со постара популација поради мускулна слабост, проблеми со видот, нарушена рамнотежа, дегенеративни заболувања.
Симптомите и знаците на повреда на коленото се поврзани со видот на повредата и делот од коленото што е повреден. Главните симптоми на повреда на коленото се: болка во коленото, оток, топлина, црвенило, намалена подвижност, кликање или крепитации во коленото и чувство на нестабилност.
Најлесен тип на дисторзија на колено се карактеризира со истегнување на лигаментите без нивно раскинување или руптура на менискуси со минимални или без оток и болка, функцијата е генерално нормална или минимално нарушена и враќањето во целосна активност трае една недела.
Мерено ниво на дисторзија, се карактеризира со поинтензивно ниво на болка, со присуство на локализиран оток и вкочанетост на зглобовите и можно делумно лигаментарно истегнување и нагмечување на менискуси. Враќањето во нормална активност е по 1 месец рехабилитација.
Потежок случај на дисторзија, се карактеризира со многу интензивна болка, поради оштетување на нервните влакна. Проследено со голем оток и интензивна вкочанетост и ограничување на подвижноста. Зглобовите се чувствуваат лабави како последица на нестабилен лигаментарниот комплекс и заедничката капсула каде што има микро или руптури на оделни структури, што дефинитивно го прави процесот на рехабилитација по долг. Враќањето на целосна активност е секогаш различен во зависност од сложноста на повредата.
Медицинскиот тим што може да биде вклучен во лекувањето на повреда на коленото вклучува ортопедски лекари, физиотерапевти или други специјалисти за рехабилитација. Посериозните повреди што вклучуваат кинење на лигаментите, нестабилност на коленото, оток, намален опсег на движење или фрактури бараат консултација со ортопедски хирург. Дијагностицирање повреда на коленото врз основа на историјата на повредата, физички преглед, за подетален и точен преглед се прават рендгенски снимки или МРИ (магнетна резонанца).
Физикалната терапија и терапевтските процедури како што се: термотерапија, механотерапија, магнетотерапија, електротерапија, ласерска терапија, хидротерапија и кинезитерапија можат да го забрзаат времето на закрепнување, што е од големо значење за сите активни спортисти чија цел е што побрзо да се вратат во тренажниот процес.
Превенција: избор на квалитетни и соодветни обувки, зајакнување на мускулите на потколеница, одржување балансирана телесна тежина, лекување на проблеми кои можат да доведат до повреди на коленото, спроведување превентивни програми со спортисти чии активности претставуваат поголема опасност за повреда на колено итн.
Земајќи го предвид големото значење на коленото во секојдневните спортски активности, му се препорачува на секој спортист кој е изложен на оптоварувања два или три пати во неделата да посвети по минимум 10 минути тренинг со функционални вежби за негово јакнење. Со тоа ќе го минимизирате ризикот за каква било повреда на вашите стапала.






