Денес, недела, 11 јанаури, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.
Утре, понеделник, 12 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.






