Традиционално на ден 14 јанури, во Битола кога православните верници го слават Свети Василие, или кај народот познат како верски празник Василица, низ битолските улици можат да се видат Бабарите. Бабарите во денешно време се роми кои од Баирот се спуштаат во Битола преправени во разни чудовишта, кои со многу врева, кои ја прават со зурли, тапани и клопорарци, ги бркаат лошите демони. Бабарската поворка ја предводат маскирани маж и жена, а жената секогаш е маскиран маж.
Во народните преданија се вели дека во овие некрстени денови од денот на Христовото раѓање па се до Водици, кога е крстен Христос, се денови кога царуваат лошите демони, вампири, ѓаоли, вештерки, караконџоли…
Бабарите влегуваат во секој дом, дуќан, угостителски објекти каде пеат, играат и го бркаат лошите демони, а домаќините ги наградуваат, порано со храна и пијалоци, а сега со пари, како велат за здравје на домашните и за да се избркаат лошите демони.

Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)





