
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за рамни стапала, за што вели:
Пес планус/пес плановалгус (или рамно стапало) е губење на внатрешниот надолжен лак на стапалото , деформитет на валгус-агол нкривен кон надвор на петата и проминентност на медијалната таларна коска. Кога се на нбљудув сатапалото при газење на ингивидот на подлогата се забележува допир по цел основа на внатрешната медијалната страна на стапалото со подлогта. Исто при оглед од назад на петата се забележува неправилен агол на петата во линија со Ахиловата тетива и подколеницата или еверзија на петат.
Бебињата имаат природно рамни стапала, но кај повеќето почнуваат да се развиваат лакови на стапалата кога ќе почнат да одат. Во раното детство се нарекува флексибилно рамно стапало се препишува на коскена и лигаментарна лабавост, присуство на мастно ткиво под лонгитудиналбиот медијален лигамент што го прави да изгледа рамен свод . Ако лаковите/сводовите никогаш не се развијат или ако се изгубат во текот на растот подоцна во животот, рамните стапала можат да предизвикаат болка или други проблеми со одењето.
Сите типично развиени бебиња се раѓаат со флексибилни рамни стапала, при што развојот на лакот на стапалото првпат се забележува околу 3-годишна возраст, а потоа честопати достигнуваат вредности за возрасни во висина на лакот дури помеѓу 7 и 10 години.
Како да диференцираме дали структурата на рамното стапало е цврста или флексибилна?
-Флексибилно рамно стапало кое е нормално до одредена воздраст и при подигање на прсти се губи.
-Ригидно рамно стапало. Ако имате ригидни рамни стапала, стапалата немаат лакови без разлика дали индивидот стои или седи или се подига на прсти . Може да ви биде тешко да ги свиткате стапалата нагоре и надолу или од страна на страна. Овој тип е редок.
Причини
Етиологијата на рамно стапало е поврзана со неколку фактори и може да биде вродена или стекната.
Вродени причини се: конгенитален вертикален талус, конгенитален талипес еквиноварус, тибијална торзиона деформација, присуство на помошна плочеста коска, општа лабавост на лигаментите, генетски малформации како што се Даунов синдром и Марфанов синдром, фамилијарни фактори, перонеален спазам, вертикален талус.
Стекнат пенус планус
Стекнатиот рамен свод е исто така позната како прогресивна колапсирачка деформација на стапалото, оваа состојба се јавува во зрелоста или откако вашите стапала ќе ги развијат своите природни лакови.Рамните стапала не секогаш предизвикуваат симптоми кај секого. Но, тие можат да го променат начинот на одење. Тие исто така можат да пренесат премногу стрес на делови од долниот дел од телото кои не се подготвени да го поднесат.
Други причини се дијабетес, повреда на стапалото и глуждот , како што се кинења или дисфункција на задната тибијална тетива, некои медицински состојби како што се артритис, спина бифида, церебрална парализа, артрогиропоза и му
Рамни стапала може да се појават и како резултат на бременост.
Трауматска повреда.
Прекумерна тежина
“Pes planus“ може многу да варира во зависност од тоа дали е вродена или стекната, а потоа и дали е флексибилна или фиксна. Најчеста причина за болно рамно стапало е оштетување на задната тетива на тибијалисот. Оваа важна структура се протега на внатрешната страна на глуждот и е главен стабилизатор на лакот на зглобот.Овој проблем е познат и како деформитет на стекнато рамно стапало кај возрасни.
Какви симптоми може да има?
Болката е најчестиот проблем. Обично се наоѓа на внатрешната страна од глуждот, каде што се наоѓа задната тибијална тетива, и многу пати проблемот погрешно се припишува на зглобот на глуждот. Симптомите обично се полоши наутро и по одење на долги растојанија. Може да почувствувате грчеви или замор во мускулот на листот, кој се обидува да компензира за вашата слаба задна тибијална тетива. Кај некои пациенти, рамното стапало резултира со стискање на ткивата на надворешната страна од глуждот, со оток и болка.Toa можe да го промен начинот на одење. Можни се нарушување на биомеханиката на целото тело што резултира со болки и во колена, колкови, појасниот дел и лумбален р’бет.
Дијагностиката е првично се поставува врз основа на клинички преглед – инспекција и функционален преглед на стапалата. Новиот начин со помош на технички помагала – подоскоп, плантограм и дијагностика со специални платформи-плантоскопи кои даваат дигитална дијадностока. Исто како и врз основа на рендгенска снимка на стапалата – рендген. пред сè со ригидна форма.
Физикална терапиа и кинезитерапиа во решавање на рамно стапало.
Целта на физикалната терапија е да се минимизира болката, да се зголеми флексибилноста на стапалото, да се зајакнат слабите мускули, да се тренира проприоцепцијата и да се едуцира и увери пациентот. Како дел од процесот на проценка, физиотерапевтот може да помогне во проценката на одењето, грубите моторни вештини и влијанието што деформитетот на стапалото го има врз функционалните активности. Справувањето со болката вклучува одмор, модификација на активностите, криотерапија , м
Вежбите се најбитната алатка за решавање на проблемот и најчесто даваат најдобри резултати во справување со овај топ на деформитет. Вежбите за флексибилност се пасивни рип на вежби. Истегнување на мускулите за олеснување на варусот и аддукцијата на стапалото. Истегнување на петата за Ахиловата тетива и мускулите на листот.
Вежби за зајакнување
Вежби за зајакнување се насочено за подколеницата и цел комплекс на стапалото. Вежба за зајакнување на мускулите на лакот односно сводот на стапалото. Вежби за проприоцепција. За деца со pes planus третманот вклучува совети за соодветна обувка,за соодветни влошки за подобрување на положбата на стапалото и упатување кај подијатар: клинови во обувката, шини за стапало, шини за ноќно истегнување и ортози од гипс во ситуации каде што е потрбно.
Конзервативниот третман дава одлични резултати со редовно вежбање и правилни насоки со носење влошки кое е важнен дел од третманот з.арешавање на рамните стапала. Носење соодветни обувки со анатомска влошка во рана детска има особено значење.






